Достапни линкови

Додик: Нема причини за усложнување на односите меѓу РС и Србија


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нема ниту една причина за усложнување на односите меѓу Република Српска и Србија.Додик со ова даде коментар на изјавата на премиерот на Србија Ивица Дачиќ, кој рече дека не е потребно дефинирање на заедничките српски интереси.Тој истакна оти смета дека односите и соработката меѓу РС и Србија ќе бидат мошне добри, повторувајќи дека кон крајот на септември ќе биде одржан состанок на Советот за спроведување на Спогодбата за специјални односи меѓу Бања Лука и Белград.Додик напомена дека постои потреба јасно да се говори за сите релевантни прашања за српскиот народ, како што се политичкиот статус, економските прашања, јазикот, заштитата на Српската православна црква, образованието
XS
SM
MD
LG