Достапни линкови

Експлозија на автомобил бомба во Пакистан


Официјални претставници на Пакистан изјавија дека во експлозија на автомобил бомба се убиени пет лица кои во тој момент се наоѓале покрај патот во провинцијата Балушистан.Тројца биле убиени во моментот кога автомобилот бил стопиран на контролен пункт и тогаш возачот го детонирал автомобилот. Двајца разузнавачки и бомбашот се меѓу убиените во експлозијата.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се случи во регион во кој талибанците предизвикуваат насилства.
XS
SM
MD
LG