Достапни линкови

Дваесет години АРМ


Армијата на Република Македонија денеска го слави својот јубилеј - 20 години од постоењето. Централната свеченост по поводот Денот на АРМ „18 Август“, која од осамостојувањето на државата го брани и чува суверенитетот и територијалниот интегритет, ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје. На парадата ќе учествуваат ешалони од сите единици на АРМ, борбените средства, техниката и воздухопловите кои се во формацискиот состав на АРМ, како и ешалон од Вооружените сили на САД.Најавено е присуство на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, министри, пратеници, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, активни и пензионирани генерали на АРМ, амбасадори и воени аташеа.Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, на свечена церемонија на сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија, постхумно ќе им додели Медал за храбростСвеченоста ќе биде од отворен карактер, заради што влезот во касарната ,,Илинден“ ќе биде слободен за сите граѓани кои сакаат да ја проследат парадата.
XS
SM
MD
LG