Достапни линкови

Меѓународна осуда на пресудата за „Pussy Riot“


Европската унија и американската амбасада во Москва оценија дека денешната казна затвор за трите членки на руската панк група „Pussy Riot“ била несразмерна. Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ предупреди на опасната тенденција на намалување на слободата на изразување, односно зголемување на цензурата, а Амнести интернешенел пресудата ја нарече „горчлив удар“ врз слободата на изразување во Русија. Трите членки на руската панк група „Pussy Riot“ добија по две години затвор откако судот во Москва ги прогласи за виновни по обвинението за хулиганство, а во врска со нивниот настап во московската црква „Христос Спасителот“.
XS
SM
MD
LG