Достапни линкови

Бугарската понуда за ОХИС одбиена


Понудата на бугарската компанија „Раикомерц“ за купување на државните акции во ОХИС не ги исполнува во целост бараните критериуми и услови и затоа е одбиена, соопшти Министерството за економија, додавајќи дека во најкус можен рок ќе биде објавен нов јавен повик за продажба на акциите. Според Комисијата за тендерската постапка, понудата на „Раикомерц“ не содржи информација за досегашно релевантно искуство на компанијата во областа на индустријата, ниту оригинални документи во делот на финансиското работење со што не може да гарантира дека ОХИС ќе продолжи да работи и да се развива во иднина.
XS
SM
MD
LG