Достапни линкови

logo-print

Активни пожарите во Чашка и Македонски Брод


Пожарот во општина Чашка кој се шири од месноста Наковална кон селата Бањица, Дреново и Лисиче е се уште активен, како и пожарот во Македонски Брод од селата Тажево и Брезница кон шумскиот резерват Јасен, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување за состојбата на терен до 14 часот. Се претпоставува дека пожарот намерно се потпалува и за тоа е информирано Министерството за внатрешни работи. Борова шума гори во пожарот во Македонски Брод, кој завчера беше разгорен од силен ветер. Попладнето целосно е изгаснат огнот во општина Липково.
XS
SM
MD
LG