Достапни линкови

Прослави на 20 години АРМ


По повод 20-годишниот јубилеј на АРМ, претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов донесе укази со кои постхумно се одликуваат со медал за храброст сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија.
На припадниците на АРМ медалот за храброст постхумно ќе им се додели утре, Денот на армијата, а на припадниците на МВР на Денот на полицијата.

Инаку, денеска со полагање цвеќе пред Споменикот на паднатите армиски припадници, врачување на чиновите на унапредените старешини и награди и признанија за пензионираните генерали, воени и цивилни лица, како и со доделување значки на загинатите македонски мировници во хеликоптерската несреќа и во конфликтот во 2001 година, денеска во кругот на Министерството за одбрана беше одбележана 20-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.
- Со прославата на големиот јубилеј „20-години АРМ“ сакаме да ги одбележиме сите главни камен-темелници на развојниот пат на вооружените сили. Одбранбениот систем на Република Македонија доживеа многу трансформации и реформи за да изгледа како што е денес. Горд сум што АРМ е дел од меѓународните мисии, рече министерот за одбрана Фатмир Бесими во своето обраќање.
Началникот на Генералштабот на АРМ, герерал-мајор Горанчо Котески нагласи дека сите генерации на Армијата вложија огромен напор за формирањето и развојот на АРМ во изминатите 20 години по што, како што рече, таа прерасна во модерна и респектабилна сила која ужива висок углед, како во државата, така и во меѓународни рамки.
Нема да дозволам кршење на политичките копја над главите на пропадниците на АРМ заради партиски интереси, порача генерал Котески
XS
SM
MD
LG