Достапни линкови

Филип Рикер во идната недела во Македонија


Филип Рикер, Скопје јануари 2012.

Филип Рикер, Скопје јануари 2012.

Заменик помошникот државен секретар на Соединетите држави за Европа и Евроазија Филип Рикер, по покана од претседателот Ѓорге Иванов, од 19 до 25 август ќе ја посети Македонија, соопшти американската амбасада во Скопје. Рикер ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери што ќе се оддржи во Охрид на 20 август. Тој, како што се наведува во соопштението, посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на владата, бизнисмени и лидери на заедниците. Рикер ќе посети и други земји во регионот. Ова е втора негова посета на Македонија годинава.
XS
SM
MD
LG