Достапни линкови

logo-print

Свечености по повод 20 годишнината на АРМ


По повод одбележување на 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот на државата и врховен командант Ѓорге Иванов денеска ќе го прими клучниот персонал и припадничките на АРМ кои ја извршуваат должноста во мисијата ИСАФ во Авганистан и во мисијата АЛТЕА во БиХ. Во рамки на прославата на јубилејот, предвидено е свечено постројување на вработените од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ пред зградата на Министерството по што ќе се обратат министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Горанчо Котески. Во касарната ,,Илинден“ во Скопје вечер ќе се изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни.
XS
SM
MD
LG