Достапни линкови

Верските лидери на Русија и Полска со повик за помирување


Поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил и полскиот архиепископ Јозеф Михалик

Поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил и полскиот архиепископ Јозеф Михалик

Поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил, кој е во посета на Полска, и неговиот домаќин полскиот архиепископ Јозеф Михалик денеска треба да попишат документ со повик до двата народа да си простат за темните поглавија од нивната заедничка историја. Вчера во Варшава Кирил се сретна со свештениците на Католичката црква, како и со полскиот претседател Бронислав Коморовски кој рече дека дијалогот е чекор кон помирување. Четиридневната посета на Кирил, е прва на еден поглавар на Руската православна црква откако Полска ја врати независноста по Првата светска војна.
XS
SM
MD
LG