Достапни линкови

logo-print

АРМ одбележува 20 години постоење


Изложба на оружје и опрема на АРМ по повод 20 години јубилеј. Скопје, Македонија.

Изложба на оружје и опрема на АРМ по повод 20 години јубилеј. Скопје, Македонија.

Патриотизам, постојаност и професионалност со овие три збора може да се сублимира 20 годишното постоење на Армијата на Република Македонија. Ова го изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на синоќешната Свечената академија по повод 20-годишниот јубилеј од формирањето на Армијата. Иванов во говорот истакна дека македонските стратегиски цели и понатаму ќе бидат насочени кон евроатлантските интеграции.

Тој изјави дека е свесен оти последиците од економската криза се чувствуваат и во структурите на Армијата и додаде дека во рамките на можностите, ќе направат сè за подобрување на стандардот на припадниците.

Иванов на свеченоста ги одликува со Орден за воени заслуги генералот во пензија Митре Арсовски, Полкот за специјални операции на АРМ, Националната гарда на Вермонт и Турската воена академија. Тој соопшти дека донел одлука и на сите припадници на АРМ кои во изминатите 20 години ги дале животите при извршувањето на воените обврски и учеството во мировните мисии, постумно да ги одликува со Медал за храброст.

Во домот на АРМ присуствуваа министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Горанчо Котески, министри во Владата, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, амбасадори, воени аташеа и делегации од Вооружените сили на Република Турција и Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.
XS
SM
MD
LG