Достапни линкови

Активни 4 пожари во Македонија


Најмалку 4 пожари низ Македонија се уште се активни, соопшти синоќа Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот во Националниот парк „Јасен“ се префрилил на скопската страна и синоќа се уште беше активен. За негово гасење во текот на денот биле ангажирани двата противпожарни авиони. За пожарот во скопската општина Чашка дирекцијата соопшти дека се сомнева оти некој намерно го потпалува и за тоа го известила МВР. Другите активни пожари се во општина Липково, во село Грачани што е дел од општината Ѓорче Петров и Македонски брод.
XS
SM
MD
LG