Достапни линкови

Британија нема да му даде на Асанж да излезе од земјата


Британскиот секретар за надворешни Вилијам Хаг.

Британскиот секретар за надворешни Вилијам Хаг.

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг изјави дека Велика Британија нема да му даде на основачот на Викиликс Џулијан Асанж безбедно да замине надвор од земјата. Британија е решена да го екстрадира во Шведска, изјави Хаг. Тој вели дека одлуката на Еквадор да му даде азил на Асанж не треба да се користи како начин Асанж да го избегне судскиот процес. Асанж побара засолниште во еквадорската амбасада во Лондон пред два месеца за да избегне екстрадиција во Шведска каде го бараат за сексуални обвиненија.

За шведското Министерство за надворешни работи одлуката да му се даде азил на Асанж е неприфатлива. Шведските власти го повикале амбасадорот на Еквадор на разговор, веднаш по објавувањето на одлуката за доделување азил на Асанж.

Асанж, говорејќи во еквадорската амбасада во Лондон, рече дека одлуката на Еквадор е „значајна победа“ за него и за Викиликс.
XS
SM
MD
LG