Достапни линкови

logo-print

Авганистан- во хеликоптерска несреќа загинаа 7 американски војници


Американски војници во Авганистан.

Американски војници во Авганистан.

Војниците на НАТО кои загинаа во хеликоптерска несреќа во јужниот дел на Авганистан се Американци, соопштија од Алијансата. Во претходното сооопштение се наведуваше дека од загинатите 11 луѓе само тројца биле американски војници. Портпаролот на Талибанците тврди дека талибански милитанти го урнале леталото, но засега тоа не може независно да се потврди. Во несреќата загинале и четворица Авганистанци од кои тројца припадници на безбедносните сили и еден цивил преведувач. Хеликоптерот се урнал во јужниот дел на провинцијата Кандахар. Причината за несреќата се уште се истражува.
XS
SM
MD
LG