Достапни линкови

logo-print

Белград е подготвен за дијалог со Приштина


Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Белград е подготвен за дијалог со Приштина за нормализирање на билатералните односи, но засега е неизвесно кога и под каква форма ќе биде обновен дијалогот, изјави денеска српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Тој посочи оти за темата ќе се разговара на 4 септември во Брисел на средбата со високите претставници на Европската унија.
Дачиќ додаде дека ставот на Србија за Косово не е променет и оти Белград никогаш нема да ја признае независноста.
Претходно, косовскиот премиер Хашим Тачи истакна дека Приштина се откажува од преговорите со Белград за техничките прашања и се согласува само за дијалог за нормализирање на односите.
XS
SM
MD
LG