Достапни линкови

Погребан Арбен Џафери


Во Тетово попладнево беше погребан Арбен Џафер, почесниот претседател на ДПА. Џафери почина вчера во 65-та година од животот. На погребот присуствуваа истакнати политичари од земјава, од Албанија и од Косово. Пред погребот се одржа комеморација во Домот на културата. На комеморацијата претседателот на ДПА, Мендух Тачи рече дека смртта на Џафери е загуба за сите Албанци. Од ДПА ја одбиле понудата на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски комеморацијата да се одржи во Парламентот.
XS
SM
MD
LG