Достапни линкови

Противпожарните авоини повторно дејствуваат во „Јасен“


Илустрација.

Илустрација.

Силниот ветер дополнително го разгори пожарот во Националниот парк „Јасен“ што изутрината се префрли на скопска страна. Гори борова шума. За негово локализирање дејствуваат двата противпожарни авиона, а упатен е и еден хелихоптер на АРМ за извидување на теренот.
Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, се уште е активен и пожарот во местото Наковална кон селата Бањица, Дреново и Лисиче во општина Чашка.
Активен е и пожарот во местото Мала Пресица, кај селата Стрима и Брест во општина Липково.
Изутрината се појави и пожар кај селото Грачани, општина Ѓорче Петров.
XS
SM
MD
LG