Достапни линкови

Во хеликоптерска несреќа во Авганистан загинале 7 војници на НАТО


Се урнал хеликоптер во јужен Авганистан, при што загинале 11 луѓе од кои 7 припадници на НАТО, соопштија до Алијансата. Трoјца од загинaтите се припадници на авганистанските безбедносни сили, тројца од војниците на НАТО биле Американци, а за останатите четворица припадници на меѓуанродните сили не се знае националноста. Во несреќата загинал и еден авганистански цивил кој бил преведувач, се наведува во соопштението од ИСАФ мисијата во Авганистан. Според нив се уште се истражува причината за уривање на хеликоптерот во провинцијата Кандахар.
XS
SM
MD
LG