Достапни линкови

Застрелани 20 Шиити во Пакистан


Најмалку 20 Шиити биле застрелани од непознати луѓе во северниот дел на Пакистан, соопштија тамошните власти. Автобусот со кој се превезувале луѓето наишол на заседа, во близина на Долината Наран во Пакистан. Луѓето биле натерани да излезат надвор и биле застрелани. Денешниот напад е втор од ваков вид во областа за шест месеци. Автобусот се движел од градот Равалпинди до областа Гилгит која е главно шиитска.
XS
SM
MD
LG