Достапни линкови

Во Грција се проширува операцијата против илегални имигранти


Грчката полиција планира да ја продолжи и да ја прошири и на другите големи градови операцијата против имигрантите, во која месецов во Атина се уапсени 1.600 илегални имигранти.
Во Атина вчера се задржани 50 имигранти од кои 11 се уапсени затоа што немале дозвола за престој. А, од почетокот на операцијата, на распит биле одведени преку осум илјади имигранти.
Во меѓувреме, градоначалникот на Атина Јоргос Каминис ја повика Владата и граѓаните да се спротивстават на расистичките напади врз имигрантите. Пакистанската заедница во Атина соопшти дека во последните шест месеци имало повеќе од 500 напади врз имигранти.
XS
SM
MD
LG