Достапни линкови

logo-print

Нови мерки за спречување на пожари


Илустрација.

Илустрација.

Засилени контроли на критичните точки за појава на пожари, како и забрани и санкции со цел да се намалат причините за нивна појава, најави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, презентирајќи го новит сет мерки на Владата за превенција од пожари. Во Македонија се активни три пожари, во Јасен, Радуша и во Чашка.

Воведена е забрана за берење и откуп на печурките „смрча“ која првично ќе биде во сила до 5 септември. Владата воведе и две нови санкциски мерки за намалување на опасноста од појава на пожари од палење стрништа и пасишта. Останува да важи и забраната за движење во шуми, со исклучок на случаите кога веќе е договорена посета на туристи.
XS
SM
MD
LG