Достапни линкови

Се зголемува бројот на жртви од нападите во Ирак


Во серијата напади во Ирак загинале најмалку 15 луѓе, а 70 се повредени, соопштуваат тамошните власти. Еден од нападите се случил во близина на поранешниот бунтовнички бастион Фалуџа западно од Багдад. Во градот Киркук, пак експлодирале четири автомобил-бомби во рок од 45 минути. Експлозии имало и во Дибис и во Туз Курмату, северно од Багдад. Точниот број на загинати и на повредените не може да биде потврден. Повеќе од 100 луѓе се убиени во насилството низ целата земја од почетокот на август.
XS
SM
MD
LG