Достапни линкови

Арбен Џафери остави силна политичка трага во Македонија


Арбен Џафери беше еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор.

Арбен Џафери беше еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор.

Луѓето кои соработувале со него, се сеќаваат на Џафери како на културен политичар кој никогаш не го преминал прагот на човечката толеранција и разбирање.

Визионер, добар и искусен политичар, мудар, одмерен...Вака луѓето кој го познаваат Арбен Џафери, оние кои соработувале со него и имале можност да разменуваат заеднички искуства зборуваат за првиот лидер на Демократската партија на Албанците. Се сеќаваат на Џафери како на културен политичар кој никогаш не го преминал прагот на човечката толеранција и разбирање.
Беше визонер и во исто време имаше можност како лидер на политичка партија, на ДПА, одредени негови погледи да ги реализира. Беше комуникативен, беше пријатен човек, немаше арогантност, секогаш беше одмерен во однос на тоа што значи политички квалификации.

„Беше визонер и во исто време имаше можност како лидер на политичка партија, на ДПА, одредени негови погледи да ги реализира. Беше комуникативен, беше пријатен човек, немаше арогантност, секогаш беше одмерен во однос на тоа што значи политички квалификации“, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

Арбен Џафери е личност која заслужи свое значајно место во македонската историја, вели поранешниот претседател на македонското собрание, Стојан Андов.
Арбен Џафери пред еден месец присуствуваше на средбата на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи.

Арбен Џафери пред еден месец присуствуваше на средбата на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи.


„Беше умен човек, образован, еден од најумните во Македонија, ќе остави траги во македонската историја, има свое место “, вели Андов.
Образован човек, воспитан, културан, градски човек, образован во поранешна Југославија, секуларно. Прво за што искажа загриженост за време на средбата е дека премногу џамии и премногу цркви се градат во Македонија.

Нашите соговорници се надеваат дека во политичка смисла Џафери ќе остави наследство на мудрост и умереност. Универзитетскиот професор Мирјана Малеска ја раскажува првата средба со Џафери и впечатокот што тој го оставил кај неа.

„Образован човек, воспитан, културан, градски човек, образован во поранешна Југославија, секуларно. Прво за што искажа загриженост за време на средбата е дека премногу џамии и премногу цркви се градат во Македонија. Колку и да не ни се допаѓаат некои негови изјави, тој сепак спаѓа во редот на умерени и мудри политичари.“

Во интервју за нашето радио снимено пред парламентарните избори во јули 2006 година, Џафери изјави:

„За мене е многу побитно изборите да бидат демократски и фер, отколку ние да победиме. За мене постои еден фетиш - тоа се демократијата и второ човечките животи. Не сакам преку никакво арогантно газење на дигнитетот и животот на луѓето да се промовира една политичка опција.“

Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 година работел за косовската радиотелевизија, како главен уредник на Културната програма. Беше претседател на ПДП, а потоа лидер на ДПА. Тој е еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор. Од здравствени причини, во 2007 година се повлекол од активната политика. По претрпениот мозочен удар, Џафери почина вчера во Скопје.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG