Достапни линкови

logo-print

Израелската армија со SMS пораки ќе ги предупредува граѓаните при ракетен напад


Израел денеска го започна 5-дневното тестирање на системот за предупредувања од можен ракетен напад преку Ес Ем Ес пораки до своите граѓани. Пораките на мобилните телефони, израелците ќе ги добиваат на еврејски, арапски, англиски и руски јазик, а целта е брзо да бидат предупредени од можен напад од Иран или пак ид милитантите на Хезболах. Ова тестирање ги подгрева шпекулациите дека Израел се подготвува за воен напад на нуклеарните постројки на Иран. Според едно истражување, 61 насто од израелците биле против напад врз Иран без американска подршка.
XS
SM
MD
LG