Достапни линкови

logo-print

Дипломатска војна меѓу Британија и Еквадор за Асанж


Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патино изјави дека Велика Британија се заканува дека ќе ја нападне еквадорската амбасада во Лондон за да го уапси Џулиан Асанж. Асанж во јуни се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон и побара азил за да ја избегне екстрадикцијата во Шведска, каде што е обвинет за сексуално малтретирање. Асанж страхува дека ќе им биде предаден на Соединетите Држави, кои пак би можеле да го обвинат за шпионажа поради објавувањето на тајната американска дипломатска коресподенција. Британските власти соопштија дека можат да го укинат дипломатскиот статус на еквадорската амбасада за да го приведат Асанж. Еквадор денеска треба да соопшти дали му одобрува политички азил на Асанж.
XS
SM
MD
LG