Достапни линкови

Хоспитализиран британскиот принц Филип


Британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, е однесен во болница. Принцот кој има 91 година е однесен во болница како „мерка на претпазливост.“ Бакингамската палата во својата изјава не даде детали за неговата здравствена состојба. Филип беше хоспитализиран пет дена во јуни поради инфекција на мочниот меур, за време на прославите на 60-година откако кралицата е на престолот. Тој подоцна ги продолжи кралски обврски, присуствуваше на церемонијата на отворање на Oлимписките игри во Лондон на 27 јули, беше во посета на јужна Англија во понеделникот. Филип е поранешен поморски офицер кој се оженил со кралицата во 1947 година.
XS
SM
MD
LG