Достапни линкови

logo-print

Владата не испратила делегација во Слупчане


Владата нема донесено одлука за одбележување на настанот во Слупчане, ниту има испратено официјална владина делегација на тој настан. Овој настан за Владата нема никаков официјален карактер, ниту државен третман, соопштуваат од Владата.

„Од овие причини и врз основа на законите, појавувањето на лица кои во моментов се членови на Владата на овој настан, за Владата има третман на нивна приватна посета на приватна комеморација, зашто ниту Владата ги испратила на таков настан, ниту им дала овластување на тој настан да ја претставуваат, ниту да зборуваат во име на Владата, ниту настанот има официјален државен карактер“, се наведува во соопштението.

Владата не може да преземе мерки кон лица кои во свое слободно приватно време и во приватен ангажман се појавиле или зборувале на некој настан.

Владата, не ги прифаќа обидите за политизација на овој изолиран настан кој не ја одразува владината политика во партиски пресметки, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG