Достапни линкови

logo-print

Јужна Осетија ќе ги „брише“ грузиските села


Лидерот на отцепениот регион од Грузија, Јужна Осетија, Леонид Тибилов.

Лидерот на отцепениот регион од Грузија, Јужна Осетија, Леонид Тибилов.

Лидерот на отцепениот регион од Грузија, Јужна Осетија, Леонид Тибилов изјави дека грузиските села во регионот ќе бидат срушени. Грузиското население беше истерано од тој регион, а нивните напуштени куќи беа оштетени за време на петдневниот воен конфликт меѓу Русија и Грузија во август 2008 година. Тибилов исто така изјави дека селата веќе нама да имаа грузиски имиња, затоа што веќе нема да постојат. Грузискиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Капанаџе остро ги критикуваше властите во Јужна Осетија и Русија и ги обивни за „продолжување на етничкото чистење“. Москва ја призна Јужна Осетија и другиот отцепен регион од Грузија, Абхазија, како „независни“ земји по руско-грузиската војна пред четири години. Владата на Грузија и скоро сите други земји на тие региони гледаат како на дел од Грузија.
XS
SM
MD
LG