Достапни линкови

logo-print

Почина почесниот лидер на ДПА Арбен Џафери


Поранешниот претседател на ДПА и почесен лидер на партијата Арбен Џафери почина денеска. Доктор Владимир Мирчевски, неврохирург на Клиниката за неврохирургија соопшти дека Џафери починал попладнево, по секундарно влошување на здравствената состојба.

„Џафери почина денеска во 15 часот и 50 минути и покрај сите преземени мерки“, изјави Мирчевски.

Тој пред една недела беше примен во болница по претрпениот мозочен удар.

Џафери поради здравствената состојба во 2007 година се повлече од лидерската функција, а на негово место беше избран Мендух Тачи.

Џафери на вторите парламентарни избори во Македонија во 1994-та беше избран како независен пратеник, а потоа како пратеник на ДПА.
XS
SM
MD
LG