Достапни линкови

Судирите во Дамаск продолжуваат


Сириските безбедносни сили денеска во Дамаск се судрија со бунтовниците, неколку часа откако огромна експлозија го потресе главниот град. Активистите изјавија дека борбите избувнале кога бунтовниците нападнале контролни пунктови на безбедносните сили во западниот дел на Дамаск, во близина на зградите на владата и на иранската амбасада. Провладините медиуми исто така, јавија за судирите велејќи дека неколку бунтовници се убиени или уапсени. Денеска во Мека се одржува итен самит на Организацијата за исламска соработка, на кој треба да се суспендира Сирија од групата.
XS
SM
MD
LG