Достапни линкови

Кумановската болница без специјалисти


Болница во Куманово.

Болница во Куманово.

Директорот на кумановската болница Ариф Љатифи потврдува дека има недостаток на кадри. Само во последните три години си заминале повеќе од 20 специјалисти.

Кумановската Општа болница повеќе години наназад се соочува со дефицит на лекари специјалисти. Последната најава за заминување на двајца специјалисти од Интерното одделение е само еден од сериозните проблеми со кои се соочуваат малкутемина лекари кои треба да опслужуваат голем број пациенти, а пациентите велат дека најчесто се принудени услугите да ги бараат приватно и да плаќаат или, пак, да се малтретираат по скопските клиники.
Во последните три години од нашата здравствена установа отидоа 20 лекари специјалисти кои треба да се надокнадат.

Директорот Ариф Љатифи потврдува дека има недостаток на кадри и вели дека само последните три години од болницата заминале повеќе од 20 лекари специјалисти. Во времето на сезоната на годишните одмори лекарите се принудени да дежураат секоја трета ноќ што за нив, а и за пациентите не е најдобро.

„Во последните три години од нашата здравствена установа отидоа 20 лекари специјалисти кои треба да се надокнадат.“
Интерното одделение пред 6-7 години имало 13 лекари специјалисти. Сега има шест. Од тие шестмина, едната лекарка е на патолошка бременост, не е на работа. Имам и јас најави дека некои од нашите лекари ќе одат приватно. Ќе имаме голем недостаток од лекари специјалисти.

РСЕ: Имате ли поплаки од пациентите или тие одат во Скопје или приватно?

„Сите пациенти што доаѓаат кај нас се опслужени. Ние работиме како што треба. Имаме листа на чекање. Кај нас на пример за ехо на срце се чека една недела, во Скопје можеби и месец, два. Ние се справуваме со тој проблем и ниту еден пациент не се жали кај нас.“

За заминување на лекарите интернисти, Љатифи вели:

„Интерното одделение пред 6-7 години имало 13 лекари специјалисти. Сега има шест. Од тие шестмина, едната лекарка е на патолошка бременост, не е на работа. Имам и јас најави дека некои од нашите лекари ќе одат приватно. Ќе имаме голем недостаток од лекари специјалисти, но тоа треба да го решиме со Министерството за здравство.“
Купив терапија и преку инфузијата требаше да ја примам во болницата. Тие не ме примаат, велат дека треба нивна терапија да примам. Сега одам по аптеки да ги сменам лекарствата, не сакаат да ми ги вратат. Дадов две илјади денари, а живеам од технолошки вишок.

Граѓаните кои имаат потреба од здравствени услуги во кумановската болница главно не се расположени да зборуваат за она со што се соочуваат. Тие одмавнуваат со главата без да изустат ниту еден збор, иако можат и да се пофалат. Кумановка која, како што вели, има сериозно нарушено здравје, а во болницата не наидува на соодветен третман револтирано раскажува:

„Се лекувам од тироидна жлезда и од бубрези ,купувам терапија. Купив терапија и преку инфузијата требаше да ја примам во болницата. Тие не ме примаат, велат дека треба нивна терапија да примам. Сега одам по аптеки да ги сменам лекарствата, не сакаат да ми ги вратат. Дадов две илјади денари, а живеам од технолошки вишок.“

РСЕ: На кое одделение треба да лежите?

„На интерно. Штом ќе слушнат дека ме праќа доктор Кочо (Никола Костовски), тие не го сакаат него, па и пациентите од кај него не ги примаат.“

Ова е само еден од повеќето случаи кога лекарите од јавното здравство имаат поинаков однос кон пациентите кои се лекуваат приватно. А секој од нив кога би можел би заминал од болницата поради низа субјективни и објективни околности. Лекарите во приватна пракса велат дека не им е јасно во каков хаос западна здравството и дека не се оптимисти дека набргу нешто ќе тргне во позитивна насока. До тогаш кумановци кои имаат пари лекарските услуги ќе ги бараат на приватните клиники во Скопје, за оние другите се чини никој од надлежните во државава нема да се грижи.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG