Достапни линкови

Германија не планира да го продолжи рокот на Атина


Портпаролот на канцеларот Ангела Меркел изјави денеска дека таа се придржува кон договорот, што е во сила, за задолженијата на Грција да направи реформи.
Коментарот беше даден по информација во весникот „Фајненшел тајмс“, дека Атина ќе побара одложување од две години.

„За Меркел и за целата влада основното е меморандумот за разбирање, што беше склучен меѓу Грција и нејзините кредитори (ЕУ, ММФ и Европската централна банка)“, изјави портпаролот Штефан Зајберт.

Тој додаде дека никакво решение не може да биде донесено пред тројката да ја заврши во септември оценката за грчките реформи.

„Извештајот на тројката ќе биде основата на секое идно решение“, додаде портпаролот на Меркел.

Грчкиот премиер Андонис Самарас ќе побара продолжување на графиконот за планот за строго штедење на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд идната седмица, тврди весникот „Фајненшел тајмс“.
XS
SM
MD
LG