Достапни линкови

Пендаровски: Случајот во Слупчане е без преседан


Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски.

За Стево Пендаровски, претседавач на Советот на СДСМ за безбедносни прашања и ЕУ интеграции, положувањето цвеќе на делегацијата од МО и АРМ пред спомен обележјето во село Слупчане е чин без преседан во постконфликтниот период, бидејќи прв пат во 11 години АРМ на институционален начин им оддаде почит на загинатите по тој конфликт.

Самиот настан, според него, провоцира неколку прашања и тоа ако премиерот не знаел или не бил информиран, дали ќе побара политичка одговорност од министерот за одбрана, можно ли е и во иднина да се случи истото, и ако во Владата немаат координација за вакви прашања имаат ли за други прашања во истиот тој ресор, во МВР и во други органи.

„Политички паралелизам на дуализам во Владата очигледно постои. Дали постои паралелизам и во безбедносниот сектор. Дали сите униформирани лица во АРМ се под команда на НГШ, или дел од нив имаат други команданти, праша на денешната прес - конференција“, Пендаровски.

Тој упати прашање и дали врховниот командант на вооружените сили е тоа само за дел или за сите припадници на армијата.
XS
SM
MD
LG