Достапни линкови

Германија уапси прекршители на ембаргото кон Иран


Германската полиција уапсила четворица мажи кои се осомничени дека го прекршиле ембаргото кон Иран, кое Германија го воведе поради нуклеарната програма на Техеран. Уапсените доставувале вентили за водени реактори за потребите на Иран. Од уапсените еден е Германец, а другите имале двојно германско-иранско државјанство.Западните сили се сомневаат дека Иран сака да произведе нуклеарно оружје. Техеран го негира тоа тврдење.
XS
SM
MD
LG