Достапни линкови

„Безбедносна зона“ за сиријските бегалци


Турција е иницијатор да се создаде безбедносна зона за сириските бегалци во североиосточниот дел на Сирија, изјави денеска амбасадорот на САД во Анкара, Франсис Ричардоне.
Според планот во реонот на границите меѓу Сирија, Турција и Ирак на сириска територија треба да биде создадена „слободна безбедносна зона“, која ќе се простира на 25 километри. Зоната треба да има посебен статут и во неа можат да се сместат бегалците од сите страни на Сирија.
Според Анкара, создавањето на безбедносната зона за сириските бегалци ќе ги намали проблемите на соседните земји на Сирија.
Претходно, турските власти соопштија дека во последните 24 часа вкупно 1.430 сириски бегалци преминале на територијата на Турција. Бегалците се сместени во камповите во окрузите Хатај и Килис.
Вкупниот број на Сиријци, кои пребегаа во Турција, се искачи над 60 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG