Достапни линкови

Израел подготвен за можен судир со Иран


Израел е подготвен за долга војна на повеќе фронтови, доколку се одлучи за напад на Иран, изјави израелскиот министер за одбрана Матан Вилнаи. Тој вели дека Израел е подготвен да се соочи со последиците од судир со Иран, што може да се случи доколку еврејската држава одлучи да започне напади против нуклеарната програма на Техеран. Министерот изјави дека Израел е „подготвен како никогаш порано“ за еден таков судир. Во последните две недели се зголемија шпекулациите за можен израелски напад врз Иран.
XS
SM
MD
LG