Достапни линкови

Четкар со серија клубски концерти во Македонија


Македонскиот џез гитарист Владимир Василевски Четкар.

Македонскиот џез гитарист Владимир Василевски Четкар.

Владимир Василевски Четкар, македонскиот гитарист кој живее и работи во САД, престојот во татковината ќе го искористи за серија на концертни настапи по фестивалите и во клубовите. На 18 август ќе свири на БИТФЕСТ, потем во Кавадарци, Штип и Куманово, а за 29 август е планиран неговиот перформанс во „Сектор“ во Скопје.

По трите големи и успешни настапи во Антички театар во изминатава декада, Владимир Василевски Четкар ова лето одлучи своето гитарско мајсторство на вљубениците во џезот во земјава да им го презентира главно во поинтимни, клупски простори. Вели дека така растеретен од организациските проблеми се чувствува покомотно и дека на тој начин публиката во директната комуникација го инспирира да го даде својот максимум.
Таа атмосфера ми е некако најдрага. Инаку, џезот, фанкот и сите нивни поджанрови денес не се меинстрим и не се одлика на концертите за широките маси. Меѓутоа и на таа публиката и се бендисува кога е изолирана само во сопствената група. И, тогаш најповеќе можам да видам дека имам фидбек и затоа давам најмногу од себе.

„Таа атмосфера ми е некако најдрага. Инаку, џезот, фанкот и сите нивни поджанрови денес не се меинстрим и не се одлика на концертите за широките маси. Меѓутоа и на таа публиката и се бендисува кога е изолирана само во сопствената група. И, тогаш најповеќе можам да видам дека имам фидбек и затоа давам најмногу од себе.“
Македонскиот џез гитарист Владимир Василевски Четкар.

Македонскиот џез гитарист Владимир Василевски Четкар.


Четкар, кој полека си го пробива патот на интернационалната сцена соработувачки со имиња како ЏЕСТОФАНК, Димитри фром Париз и други и настапувајќи во прочуени клубови како њујоршките „Иридиум“, „Блу ноут“, „Џез стандард“, веќе го завршува миксот за својот трет албум, следбеникот на одличниот „We Will Never End“.
Живеам во средина во која кириите се астрономски и треба да имаш неверојатна стамина за да го издржиш тој живот, темпото, конкуренцијата...Во Њујорк конкуренти ти се идолите, оние од кои си учел. Тие ги добиваат големите клупски настапи. Така на „Блу ноут фестивал“ требаше да настапам веднаш по Мекој Тајнер ...Е, сега како да свириш на истата сцена по еден таков гигант на џезот и тоа пред американска публика? Ништо само стегаш заби и почнуваш.

За него вели дека доаѓа по подолга пауза која била условена од потребата најнапред да го обезбеди својот опстој на Западниот дискографски пазар, а потем да им даде простор на своите композиции и оркестрации да го најдат патот до публиката од различни поднебја во светот.

„Живеам во средина во која кириите се астрономски и треба да имаш неверојатна стамина за да го издржиш тој живот, темпото, конкуренцијата...Во Њујорк конкуренти ти се идолите, оние од кои си учел. Тие ги добиваат големите клупски настапи. Така на „Блу ноут фестивал“ требаше да настапам веднаш по Мекој Тајнер ...Е, сега како да свириш на истата сцена по еден таков гигант на џезот и тоа пред американска публика? Ништо само стегаш заби и почнуваш.“

Гитаристот во Америка сите овие години настапува со македонски пасош и артистичка виза, но како што вели иако во некоја рака е културен амбасадот на својата земја на неговите тамошни концерти и нема многу публика од татковината.

„Мојот басист е Јапонец и повеќе Јапонци доаѓаат на настапите, иако тој е страничен човек во проектот, отколку Македонци. А, тоа не е битно само за мене туку и за нив исто така.“

Инаку, во текот на септември Четкар ќе го обелодени најавниот сингл „I remember“ за новата објава за која истакнува дека е снимана во студиото „Дабвеј“ на Волстрит. Тој дополнува дека за време на студиските сесии во Менхетен, го посетиле Диси Ла Ру и Боб Ести, продуцентот на Барбара Стрејсенд, а дека на изданието ќе може да се почувствува забрзаниот ритам на живеењето на Њујорк.

„Ќе има многу џез, многу фанк...инструментални и вокални теми каде се’ отпеав самиот и имам само една специјална гостинка Маја Азусена која е добитничка на наградата Греми.“

Кон ова само уште информацијата дека Владимир Василевски Четкар полека си го пробива и патот на дискографските пазари во Латинска Америка, за што, како што истакнува, дополнително ќе се слушне.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG