Достапни линкови

logo-print

Казахстан - нема поврзаност меѓу масовните убиства на шумари


Националниот парк во близина на Алмати.

Националниот парк во близина на Алмати.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан, негираше каква било поврзаност помеѓу двата случаи на масовни убиства во југоисточниот регион од земјата. Од министерството велат дека масовното убиство што се случи оваа недела во Националниот парк нема врска со масовните убиства на граничната полиција во мај. Полицијата неделава пронајде 11 тела со убодни рани, меѓу кои и пет изгорени тела во близина на просториите кои ги користеле шумарите од Националниот парк во близина на Алмати. Во мај пак еден шумски ренџер и 14 граничари беа убиени, а потоа запалени во близина на казахстанско-кинеската граница во истиот регион. Припадник на граничната полиција распоредена во тој регион подоцна беше пронајден жив и обвинет за убиствата.
XS
SM
MD
LG