Достапни линкови

Протест против кинеската репресија на Тибет


Стотици тибетанци протестирале на северозападот на Кина поради бруталноста на полицијата по инцидентот во кој полицајци претепале четири лица, соопшти невладината организација „Слобода за Тибет“ со седиште во Лондон. Очевидци за Радио Слободна Азија изјавија дека полицајците биле пијани. Скоро 50 главно будистички монаси се самозапалиле или се обиделе да го сторат тоа од во изминативе неколку месеци во знак на протест против репресијата на кинеските власти врз тибетанците.
XS
SM
MD
LG