Достапни линкови

Австралија најстрого против пушењето


Во Австралија помина и последната пречка за воведување на еден од најострите закони против пушењето во светот. Уставниот суд денеска го потврди законот со кој на тутунските компании им се забранува да ги прикажуваат нивните бои, брендирани дизајни и логоа на кутиите цигари, со цел пушењето да стане што е можно понеатрактивно. Тутунските компании го оспорија законот, тврдејќи дека ги крши нивнита права на интелектуална сопственост и ги обезвреднува нивните трговски марки. Судот соопшти дека неговите причини за одобрување на законот ќе ги објасни кон крајот на годинава. Австралија исто така, се соочува со забелешки и од Светската трговска организација, а Украина, Хондурас и Доминиканската Република веќе покренаа жалби на ваквата одлука.
XS
SM
MD
LG