Достапни линкови

Противречни вести за денешната експлозија во Дамаск


Дамаск

Дамаск

Голема експлозија денеска го потресе главниот сиријски град Дамаск, но има противречни информации за причините и местото каде таа се случила. Државната телевизија соопшти дека експлодирала бомба во близина на еден хотел што го користат мониторите на Обединетите нации при што биле повредени три лица. Од Обединетите нации засега нема потврда за овие наводи. Според опозициски активисти, експлозијата се случила во близина на зградата на безбедносните сили. Вчера, американскиот секретар за одбрана, Леон Панета го обвини Иран дека игра поголема улога во сирискиот конфликт, вклучувајќи и обука на луѓе да се борат заедно со силите на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG