Достапни линкови

Српскиот претседател Николиќ прими делегација на Охридската архиепископија


Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ вчера примил делегација на Охридската архиепископија и на Српската православна црква, се наведува во соопштението на кабинетот на Николиќ во кое се додава дека тој бил информиран за, како што се вели, неправедното затворање на Архиепископот охридски Јован, како и за загрозеноста на човековите права и верските слободи во Македонија. Претседателот Николиќ ги уверил дека активно ќе се заземел за целосно почитување на човековите права и верските слободи, не само за верниците на Српската православна црква, туку и за сите луѓе, за сите народи и за сите заедници во Србија, во регионот и во светот. Епископот бачки Иринеј по средбата изјавил дека не станува збор за високополитички претензии туку исклучиво за заштита на основните човекови права и слободи.
XS
SM
MD
LG