Достапни линкови

Проба на американско хиперсонично летало


Американските воздухопловни сили извршија пробен лет на авион кој може да постигне шест пати поголема од брзината на звукот, односно 5 илјади и 800 километри на час. Тоа беше трето тестирање на леталото „Икс 51А Вејврајдер“, име што го доби поради тоа што за да постигне поголема брзина јава врз ударните бранови предизвикани од претходната негова надзвучна брзина. Беспилотното и скоро бескрилно летало е изградено од Боинг, а полетува од авион бомбардер од типот „Бе 52“. Досега официјалниот рекорд во брзина на летање во авион со екипаж го држи „Локхид Блекбирд“, 3.530 километри на час, постигант во јули 1976 година.
XS
SM
MD
LG