Достапни линкови

Панета: Иран игра голема улога во сирискиот конфликт


Леона Панета, државен секретар за одбрана на САД

Леона Панета, државен секретар за одбрана на САД

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета изјави дека Пентагон не размислува за зона на забранети летови во Сирија. Неговите коментари во Вашингтон се за време на зголемувањето на бројот воздушни напади на сириската Влада кон бунтовничките сили. Панета изјави дека фокус на неговата работа е да осигура дека местата со хемиско и биолошко оружје во Сирија се безбедни.
Тој, исто така, го обвини Иран дека игра поголема улога во сирискиот конфликт, вклучувајќи ги напорите да се обучи полицијата за борба со силите на Асад. Поранешниот премиер во владата на Асад, Ријад Хиџаб, кој премина на страната на опозицијата овој месец, изјави дека претседателот контролира помалку од една третина од Сирија и дека неговиот режим постепено се урива.
XS
SM
MD
LG