Достапни линкови

Проект за нови работни места во Египет


Претставници на египетската влада и Светската банка потпишаа прект вреден 200 милиони долари кој има за цел да се отворат 250 000 работни места. Светската банка соопшти дека ќе биде инвестирано во јавни работи како што се чистење на канали, поправање училишта и локални патишта. Египет има бавен економски раст од минатата година, кога падна режимот на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Договорот е втор дел од договорот вреден 300 милиони долари кој започна во 2011 година.
XS
SM
MD
LG