Достапни линкови

Обрадор: Свињи, овци и пилиња за гласови во Мексико


Енрике Пена Нието, победник на изборите

Енрике Пена Нието, победник на изборите

Второпласираниот на мексичките претседателски избори, левичарот Андрес Обрадор изјави дека изборите биле нелегитимни, а како доказ за своите тврдења покажа свиња, овца и пилиња со кои наводно биле купувани гласовите на граѓаните. Обрадор веќе поднесе жалба во судот, поради резултатите на изборите на почетокот на јуни, на кои победи кандидатот на Институционалната револуционерна партија Енрике Нијето. Минатиот месец тој изјави дека има список со повеќе од 4800 лица кои примиле мито за да гласаат за победничкиот кандидат.
Нијето освои 38 насто од гласовите,додека Обрадор имаше 6, 6 проценти помалку гласови.
XS
SM
MD
LG