Достапни линкови

logo-print

„Коха диторе“: Косово бара членство во ОН преку дијалогот со Србија


Република Косово ќе се обиде да постигне полноправно членство во Обединетите нации преку процес на нормализирање на односите со Србија, тврди висок владин претставник, за весникот „Коха диторе“.
Како што пишува весникот, тој навел дека интегрирањето на северот и нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија, треба да послужи и за овозможување Косово да стане членка на ОН.
Според истиот извор, кој бил близок со тимот кој ја подготвува рамката под која ќе биде застапено Косово на политичкиот дијалог со Србија, Косово ќе побара во дијалогот кој ќе се одвива со посредство на ЕУ, да се постигнат две цели: зачувување на суверенитот и територијалниот интегритет, интегрирајќи го северот, и функционирањето на Косово без да биде попречувано до Србија, што подразбира и членство во ОН.
XS
SM
MD
LG