Достапни линкови

Оградувања од чинот на положувањето на цвеќе на споменикот на ОНА


Делегацијата која положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово

Делегацијата која положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово

Генералштабот на АРМ, Владатa и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се оградуваат од вчерашното полагање венци пред споменик на борци на ОНА во селото Слупчане. А, од Министерството за одбрана, за споменатиот настан велат дека станува збор за процес на помирување кој и е неопходен на државата.

Од генералштабот велат дека Началникот на ГШ на АРМ не бил информиран од страна на Министерството за одбрана и дека лицата кои беа во придружба на Министерот за одбрана се од составот на Министерството за одбрана.

Владата нема донесено одлука за официјално одбележување на настанот кој се случи вчера во Слупчане ниту пак има испратено владина делегација на таков настан, стои во соопштението од Владата.

Со чинот на поклонување пред споменикот на ОНА не се согласуваат и во владејачката партија. Таквиот чин воопшто не ги одразува политиките и политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG