Достапни линкови

Украина ќе го екстрадира заговарачот на атентат на Путин


Судот во Украина ја одобри екстрадацијата на Адам Осмајев кој е главниот осомничен за заговор за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин. Осмајев кој е Чеченец беше уапсен во Одеса во февруари откако во експлозија во неговиот стан загина еден од неговите соработници. Канцеларијата на рускиот обвинител официјално побара екстрадиција на Осмајев во Русија. Адвокатот на Осмајев рече дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Извештаите дека Осмајев планирал атентат на Путин, се појавија ден пред изборите во Русија. Скептиците велат дека заговорот е измислен за да се подигне популарноста на Путин пред гласањето.
XS
SM
MD
LG