Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Авганистан, 20 жртви


Најмалку 20 луѓе загинале, а 48 се повредени во бомбашки напади во југозападниот дел на Авганистан, во областа Нимроз. Тамошните локални власти соопштија дека еден самоубиец активирал експлозив прикачен на неговиот појас, а потоа полицијата отворила оган врз другите двајца самоубијци. Нападите се случија еден ден откако локалните власти уапсија неколку милитанти во оваа област. Нимроз е релативно мирна провинција, но таму се бележи зголемување на насилството во последно време.
XS
SM
MD
LG